8.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Два вулкана се активираа на далечниот исток на Русија (ВИДЕО)

Полуостровот, кој се протега во Тихиот Океан на околу 6.600 километри источно од Москва, е едно од најконцентрираните области со геотермална активност во светот, со околу 30 активни вулкани.

Ненадејната нова активност уследи по вчерашниот силен земјотрес.

Институтот за вулканологија на Руската академија на науките објави дека дури 10 експлозии на час се регистрирани во Кључевскаја Сопка, кој е највисокиот активен вулкан во Евроазија со 4.754 метри.

Текот на лавата и емисиите на пепел доаѓаат и од вулканот Шивелуч, соопшти институтот.

Камчатка е ретко населена. Градот Кључи, со околу 5.000 жители, се наоѓа помеѓу двата вулкани, на 30 километри од секој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести