20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Маск покрена анкета во која побара од корисниците на Твитер да гласаат дали профилот на Трамп треба да биде вратен

Маск покрена анкета во која побара од корисниците на Твитер да гласаат дали профилот на Трамп на социјалната мрежа, која беше затворена од претходните сопственици на компанијата, треба да биде вратен.

Првите резултати од анкетата, која започна синоќа, покажуваат дека околу 60 отсто од оние што се изјасниле гласале ЗА, пренесува Ројтерс.

„Vox populi vox dei“, напиша Маск во објавата на Твитер, латинска изрека што значи „гласот на народот е гласот на Бога“.

Гласањето е отворено 24 часа, а новиот сопственик на Твитер во мај изјави дека ќе ја поништи „забраната на Трамп на социјалната мрежа, чиј профил беше суспендиран по немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести