20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

МОНСТРУМ: Осуден на 129 години затвор за силување деца, најмалото имало само 18 месеци

Ова е втора пресуда за Питер Џерард Скали, кој веќе отслужува доживотна затворска казна за силување и трговија со малолетници.

Скали бил уапсен во 2015 година во Малабалаја, Филипини, откако побегнал од Австралија во 2011 година под обвинение за измама. По пристигнувањето на Филипините, тој почнал да снима тинејџерки од сиромашни семејства како има секс со нив или користат секс играчки. Снимките биле продадени на клиенти во Германија, САД и Бразил.

Филипините станаа глобално жариште на сексуална експлоатација на деца, за што придонесува сиромаштијата, течното познавање на англискиот јазик и високата интернет конекција во земјата, предупредуваат експертите

„Се надевам дека ова испраќа многу силна порака до сите насилници, сите трговци со луѓе, дека криминалот навистина не се исплати“, рече регионалната обвинителка Мерлин Барола-Уј за АФП.

Судот во Кагајан де Оро ја изрече казната на 3 ноември, откако Скали и неговите тројца сообвинети се изјасниле за виновни. Тие биле обвинети за 60 кривични дела, меѓу кои трговија со луѓе, детска порнографија, злоупотреба на деца и силување.

Девојката на Скали, Лавли Маргало, е осудена на 126 години затвор. Останатите двајца обвинети се осудени на повеќе од девет години затвор.

Меѓу жртвите има и 18-месечно девојче и дете чие тело било пронајдено закопано под куќата што ја изнајмил Скали.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести