Имено, Макрон му ветил на Зеленски дека Франција ќе ѝ помогне на Украина да ја поправи инфраструктурата за снабдување со електрична енергија и вода која беше оштетена од руските ракетни напади.
Францускиот претседател исто така рекол дека ќе ѝ помогне на Украина во зајакнувањето на нејзината противвоздушна одбрана и најави дека на 13 декември ќе одржи меѓународна конференција во Париз со цел да им помогне на украинските цивили во текот на зимата.
На билатералната конференција ќе се обидат да соберат помош за Украина од француски компании, се вели во соопштението од кабинетот на Макрон.
