Имено, имаше сугестии дека Путин би можел да нареди таков напад доколку неговите сили во Украина продолжат да се повлекуваат пред украинската контраофанзива и ја загубат претходно освоената територија.
„Мислам дека нема да го направи тоа. Би бил луд да го направи тоа“, изјави Џонсон за Sky News.
„Таков чин во истата секунда би значел дека Русија се повлекува од клубот на цивилизирани нации. Тоа би било целосна катастрофа за Русија, чија економија веднаш би била замрзната“, рече Џонсон.
