12.8 C
Skopje
понеделник, мај 13, 2024

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Во сообраќај поминуваме дури 10 месеци од животот

Сите луѓе се личности за себе, но дали знаете кои работи ни се заеднички на сите и на што поминуваме најмногу време секој ден? Еве неколку интересни факти кои, веројатно, не сте ги знаеле:

* Денот на раѓањето го трошите со уште 17 милиони луѓе.

* За десет години школување ќе стекнете околу 17 другари, додека во четириесеттите само двајца.

* Се смеете околу 18 пати на ден.

* Просечното човечко суштество оди толку многу во својот живот што може три пати да пропатува околу Земјата.

* Човек јаде околу 30 тони храна во својот живот, а пие над 9.000 шолји кафе.

* На работа ќе поминете во просек по десет години.

* Ќе спиете 20 години.

* Ќе поминете три години седејќи на тоалетна школка.

* Ќе чекате најмалку десет месеци во сообраќаен метеж.

* Ќе поминете повеќе од една година зборувајќи на мобилен, а гледајќи телевизија цели 12 години.

* Далечинскиот управувач ќе го барате 19 дена.

И конечно, заклучокот е дека само една петтина од вашиот живот останува навистина да живеете. Затоа потрошете го паметно и на најдобар можен начин.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести