0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Маск планира да го намали бројот на вработени во Твитер за 75 отсто

Маск планира да го намали бројот на вработени во компанијата од 7.500 на околу 2.000, наведува весникот.

Твитер веќе планираше значителни намалувања, при што 25 отсто од персоналот да бидат отпуштени до крајот на 2023 година и затворање на клучните центри за податоци, објави Вашингтон пост.

Сепак, весникот вели дека плановите на Маск ќе влијаат на искуството за корисниците на Твитер, со зголемен ризик од хакирање и изложеност на навредливи материјали.

Маск првично предложи да ја купи компанијата пред да се повлече од преземањето во април, велејќи дека Твитер изнел лажни тврдења за бројот на лажни сметки на платформата.

Твитер го изведе Маск на суд како одговор за да го принуди да го исполни договорот. На почетокот на овој месец беше закажано петдневно судење во Делавер, но Маск потоа ја потврди својата оригинална понуда.

Но, милијардерот и платформата за социјалните медиуми сè уште се расправаат за важни детали што треба да се разјаснат за да се постигне договорот и останува неизвесноста околу трансакцијата.

За да го избегне судењето, Маск мора да го комплетира договорот од 44 милијарди долари до 28 октомври. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести