Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников смета дека Украина е веќе членка на НАТО и дава значителен придонес за безбедноста на слободниот свет.
„Ние сме му благодарни на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за неговата поддршка за Украина. Поминавме долг пат и веќе сме членки на Алијансата. Украина веќе дава значаен придонес за безбедноста на слободниот свет. Сигурен сум дека победата а успешните реформи ќе отворат нови хоризонти за Украина“, објави Резников на „Твитер“.
Да потсетиме, украинскиот претседател Владимир Зеленски на крајот на септември објави дека е поднесено барање за забрзан процес за членство на Украина во НАТО.
Во својот коментар за барањето на Зеленски, Столтенберг ја повтори посветеноста на Алијансата за правото на секоја земја да си го одредува својот пат и на политиката на „отворени врати“ на НАТО, но исто така посочи дека Северноатлантската алијанса ќе ги концентрира своите напори да му помогне на Киев.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан изјави дека барањето на Украина за членство во НАТО треба да се реши друг пат.
