5.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

НАТО планира наскоро да претстави план за обновување на украинската одбранбена индустрија

НАТО планира наскоро да претстави план за обновување на украинската одбранбена индустрија во следните 10 години.

Според медиумите, целта е постепено да се исфрли оружјето од ерата на поранешниот СССР и да се замени со западно и американско оружје. Вашингтон и западните сојузници ветија нови рунди помош за Украина.

Официјалните претставници на НАТО и Украина треба да се сретнат следната недела за да разговараат за „долгорочен договор“ за обнова на воено-индустрискиот комплекс на Украина во време на војната во Украина, објави „Политико“, цитирајќи неименуван претставник на Алијансата.

„Ќе разговараме за одбранбените точки за Украина да биде целосно интероперабилна со НАТО. Станува збор за промена од советска опрема во западна опрема, која е НАТО компатибилна со западната опрема“, изјави неименуван извор за „Политико“.

Истиот соговорник посочува дека НАТО ќе се фокусира на долгорочен договор со Украина, а најверојатно ќе бидат вклучени и повеќе странски партнери. Оваа иницијатива ќе биде одвоена од друг проект на НАТО договорен на почетокот на октомври, кој исто така треба да испорача оружје за одбранбениот сектор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести