7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Столтенберг: Говорот на Путин покажа дека војната не оди според неговите планови

Говорот на Путин покажал дека војната не оди според неговите планови.

Столтенберг изјави дека Путин погрешно пресметал за Украина и направил грешка. Тој, исто така, тврди дека руските трупи се слабо опремени и немаат соодветна команда и контрола и дека присуството на поголем број руски војници неизбежно ќе го ескалира конфликтот.

Тој вети дека НАТО ќе се погрижи во Москва да нема недоразбирања за тоа што би значело употребата на нуклеарно оружје и додаде дека досега НАТО не забележал промени во позицијата на Русија кога станува збор за нуклеарното оружје. Тој потсети дека пред шест месеци, само три дена по почетокот на најновата руска инвазија на Украина, Путин им наредил на своите нуклеарни сили да бидат во состојба на готовност.

За време на интервјуто со главниот уредник на Ројтерс, Алесандра Галони, тој додаде дека НАТО ѝ пружил невидена поддршка на Украина и дека е во близок дијалог со одбранбената индустрија за зголемување на производството на оружје и муниција.

Столтенберг рече и дека се надева оти војната во Украина ќе заврши на преговарачка маса, но дека исходот од тие преговори мора да биде прифатлив за Киев.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести