Западот и САД отворено сакаат да ја победат Русија на бојното поле во Украина.
„Би сакал да истакнам дека колективниот Запад, предводен од САД, отворено сака да ја победи Русија на бојното поле. САД и нивните сојузници се подготвени да ја жртвуваат Украина за нивните геополитички цели. За да го постигнат тоа, тие ја бомбардираат земјата со оружје, што доведува до ескалација и продолжување на конфликтот и ги одложува изгледите за решение“, рече Лавров.
Тој оцени дека Вашингтон не е заинтересиран за воспоставување мир во Украина, што стана јасно уште во март, кога Москва и Киев беа блиску до постигнување договор, но таквиот развој на настаните очигледно ги исплаши Американците и Британците, па практично и забранија на Украина понатаму дијалог со Русија.
Според него, западните земји денеска „го пумпаат неонацистичкиот режим во Киев со оружје и воена опрема, ги обучуваат припадниците на вооружените сили на Украина“.
„Оружјето на САД цели на руска територија и убива цивили. Пентагон не крие дека му предава на Киев разузнавачки информации и цели за напади. Ние го забележуваме присуството на американски платеници и советници на бојното поле, а САД во суштина балансираат на работ да станат страна во конфликтот“, рече Лавров.