16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Турција строго ги осуди референдуми за припојување на четири украински региони кон Русија

Турција строго ги осуди референдуми за припојување на четири украински региони кон Русија

„Таквото незаконско дело направено нема да биде признаено од меѓународната заедница“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Турција никогаш не ја призна руската анексија на Крим во 2014 година.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој одржува односи и со Киев и со Москва, се обиде да отвори преговори и да договори примирје, но засега без успех.

Сепак, руската одлука за одржување референдуми на крајот на септември за анексија на освоените територии и за делумна мобилизација на резервистите е ескалација на конфликтот, наведува Франс прес.

Ердоган им порача на светските лидери собрани во Обединетите нации во Њујорк вчера дека на Москва и Киев им е потребна помош за да најдат „достојно решение“ за кризата.

Најавените референдуми во Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје во вторник ги осудија НАТО, САД и Германија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести