На лондонската берза цената на барелот попладнево беше пониска за 1,95 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 93,69 долари. Речиси за исто толку падна и на американските берзи каде барелот се тргувал за 87,57 долари.
Трговците нервозно го следат ширењето на Ковид-19 во Кина.
Строгите епидемиолошки мерки во втората по големина светска економија, како и притисокот на трошоците ја намалија активноста во азиската индустрија во август, засенувајќи ги изгледите за закрепнување на регионот од последиците од пандемијата, според истражувањето објавено денеска.
