Почина последниот член на бразилското домородно племе кое немало контакт со цивилизацијата.
Ова во саботата го соопшти бразилската агенција за заштита на домородното население Фунаи.
Познат како „Човекот од дупката“, тој живееше во последните 26 години во целосна изолација на домородната земја Танару, длабоко во бразилската Амазонија, во државата Рондонија.
Прекарот го добил поради неговата навика да прави длабоки дупки за да се скрие, но и да фаќа животни, пишува CNN.
На 23 август, службениците на Фунаи го пронашле во лежалка во колибата. Немало знаци на борба, насилство или присуство на други луѓе.
„Тој почина од природна смрт, а неговото тело ќе биде подложено на вештачење“, велат од Фунаи.
