Тридневната церемонија се одржала на имотот на Афлек во Рајсборо, Џорџија, а според Дејли Мејл, чинела 400.000 долари.
Со цел да се обезбеди целосна приватност, парот презел дополнителни безбедносни мерки, а на венчавката присуствувале познати холивудски имиња како Мет Дејмон, Џими Кимел, Џорџ Клуни, Џејн Фонда и Рене Зелвегер, како и децата на Џенифер Лопез и Бен Афлек, што ги имаат од претходните бракови, но поранешната сопруга на Бен, Џенифер Гарнер ја одбила поканата за венчавката.
Невестата избрала венчаница на Ралф Лорен, а Бен одело од либанскиот моден дизајнер Зухаир Мурад.
