9.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Еве кои видови на овошје можат да бидат опасни за дијабетичарите

Овошјето се смета за една од најздравите ужинки. Не само затоа што содржи многу витамини и влакна, туку и затоа што е нискокалорично. Но, одредени овошјамимаат повисок гликемиски индекс и можат да бидат опасни за дијабетичарите.

Гликемискиот индекс е нумеричка скала што се користи за да се одреди колку брзо одредена храна го зголемува нивото на гликоза во крвта. Додека црните рибизли имаат гликемиски индекс од 15, тој е 60 за зрелите банани.

Нискиот гликемиски индекс е од 0 до 55, средно висок гликемиски индекс е од 56 до 69, додека високиот гликемиски индекс е 70 и повисок.

„Храната со висок гликемиски индекс може да предизвика телото да се обиде да произведе нивоа на инсулин за да се спротивстави на јаглехидратите со брзо дејство, а вообичаениот резултат е чувство на глад два до три часа“, објаснува Diabetes.co.uk.

За луѓето со дијабетес ова може да биде исклучително опасно, бидејќи способноста на телото да го контролира нивото на гликоза во крвта е намалена или воопшто не постои.

Овошје со висок гликемиски индекс се бананите, портокалите, мангото, грозјето, сувото грозје, урмите и крушите.

Овошје со понизок гликемиски индекс се бобинки, сливи, киви и грејпфрут.

„Храната со низок гликемиски индекс, како што се цели зрна, овошје, зеленчук, грашок и леќа, се храна која треба да ја јадеме како дел од здрава, урамнотежена исхрана. Сепак, користењето на гликемискиот индекс за да се одлучи дали храната или комбинациите на храна се здрави може да биде погрешно. Храната со висок гликемиски индекс не е нужно нездрава, а не сите намирници со низок гликемиски индекс се здрави. На пример, лубеницата и пашканатот се храна со висок гликемиски индекс, додека чоколадниот колач има помала вредност“, додаваат експертите за дијабетес.

Примери за друга храна со висок гликемиски индекс се шеќерот и слатката храна, слатките безалкохолни пијалоци, белиот леб, компирот и белиот ориз.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести