Украина започна контраофанзива, изјави за Гардијан Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Како што наведе, целта е да се создаде хаос во руските сили со напад на линии за снабдување длабоко во окупираните територии.
Подољак рече дека во следните два до три месеци може да има напади слични на последните мистериозни напади на железничкиот центар и воздухопловната база на Крим, како и минатонеделниот напад врз руските воени авиони на аеродромот Саки на Крим.
Русија соопшти дека последниот пожар во складиште за муниција во областа Жанкој на Крим – инцидент што Подољак го нарече „потсетник“ дека Крим „претставува висок ризик од смрт за напаѓачите и крадците“.
„Не користиме тактики од 60-тите и 70-тите години“
Украина не ја презеде одговорноста за нападите, што ги натера руските туристи во паника да избегаат од Крим. Во главниот град на регионот Симферопол се формираа редици пред железничката станица.
Министерството за одбрана во Москва соопшти дека се занимава со случаи на саботажа и дека презема „неопходни мерки“ за да се спречат понатамошни епизоди.
„Нашата стратегија е да уништиме логистика, линии за снабдување и складишта за муниција и други воени инфраструктурни објекти. Ова создава хаос во нашите сопствени сили“, рече Подољак.
„Значи, Русија мисли дека контраофанзивата бара огромна количина на работна сила како џиновска тупаница и оди само во една насока. Украинската контраофанзива изгледа сосема поинаку. Ние не користиме тактики од 60-тите и 70-тите години, од минатиот век“, кажа тој.
Дали Украина има доволно војници и оружје за контраофанзива?
Сепак, неговите забелешки може да се протолкуваат и како признание дека Украина се бори да собере количество луѓе и оружје што е потребно за контраофанзива на југот на земјата, за што вообичаено е потребно поголем број војници од три на еден.
Наместо тоа, Украина се обиде да го отсече Херсон, единствениот окупиран град на западниот брег на реката Днепар, со уништување на патни и железнички мостови со неодамна испорачана западна артилерија.
Целта е да се спречи Русија ефикасно да ги снабдува своите сили. Подољак побара „уште 50, 60, 80“ MLRS, покрај 20-те што веќе пристигнаа во Украина.
MLRS е американски ракетен систем со повеќе цевки за кој Подољак вели дека е „многу добар“.
