1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Еве како Ирина Шајк одмара на Ибица

Ирина Шајк заедно со пријателите ужива на Ибица, а благодарение на папарацо фотографиите можеме да потврдиме дека позната Русинка изгледа подобро од кога било.

Светски познатиот модел сподели прекрасни фотографии на својот инстаграм – профил, според кои можеме да се увериме дека максимално ужива во летниот одмор.

Нејзината совршена линија, затегнати нозе и тенок струк се резултат на шестдневно вежбање и урамнотежена исхрана. Имено, како што пренесуваат медиумите, Ирина внимава што јаде и во нејзиното мени секогаш има овошје и зеленчук, бело месо и риба, како и супа.

Таа едноставно ужива во чувството на исцрпеност по напорниот тренинг кој е одговорен за нејзината совршена силуета.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Шајк тренира бокс, а притоа редовно практикува и други боречки вештини покрај задолжителните кардио тренинзи. Манекенката редовно вежба шест дена во неделата, а седмиот ден го користи за прошетки во природа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести