8.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Се бара хард диск со 7500 биткоини кои е фрлен на депонија

Сега Хауелс наводно обезбедил средства за ископување на депонија во Њупорт за да се најде изгубениот диск.

„Доведовме експерт за вештачка интелигенција. Нивната технологија лесно може да се преквалификува за да го бара хард дискот“, изјави Хауелс за Би-Би-Си.

Хауелс, експерт за ИТ тврди дека почнал да ископува биткоини во 2009 година, кога првпат биле создадени и купил илјадници од нив кога биткоинот бил проценет на околу 130 долари.

Биткоинот што се наоѓа на тој хард диск сега би можел да вреди речиси 150 милиони фунти, вели Хауелс.

„Во средината на 2013 година за време на чистењето, хард дискот – тогаш вреден неколку стотици илјади фунти – беше по грешка фрлен и ставен во канта на мојата локална депонија, по што беше закопан на лице место“, изјави Хауелс за Телеграф во 2017 година.

Хауелс упати неколку молби до градскиот совет на Њупорт, вклучително и понуда средсвата да се поделат,доколку  градот му помогне во пронаоѓањето на хард дискот.

Сепак, локалните власти одбиле да му дозволат да го бара хард дискот, наведувајќи дека тоа копање би можело да предизвика еколошка катастрофа.

Дополнително, тие изјавија дека проектот ќе чини милиони и дека нема гаранција дека потрагата на крајот може да заврши позитивно и дискот да се пронајде.

„Советот во повеќе наврати му кажа на г-дин Хауелс дека ископувањето не е можно и дека самото ископување ќе има огромно влијание врз животната средина врз околината“, изјави портпаролот на градскиот совет на Њупорт минатата година.

Хауелс сега рече дека ќе даде една десетина од приходите од обновувањето на хард дискот за да го претвори градот во центар за криптовалути.

Тој, исто така, верува дека сега има финансиски средства за ефикасен и еколошки корисен начин на ископување на локацијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести