8.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Бајден: Сега правдата е задоволена и овој терористички лидер веќе го нема

„Сега правдата е задоволена и овој терористички лидер веќе го нема. Без оглед колку долго трае, без оглед каде и да сте се криеле, ако сте закана за нашиот народ, САД ќе ве најдат и ќе ве отстранат“ – порача Бајден.

„Соочени со неподготвеноста или неспособноста на Талибанците да ги исполнат своите обврски, ние ќе продолжиме да го поддржуваме авганистанскиот народ со силна хуманитарна помош и ќе се залагаме за заштита на нивните човекови права, особено на жените и девојчињата“, истакна американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Завахири се смета за еден од терористичките водачи кои го предводеа планирањето и извршувањето на грозоморните терористички операции во САД и Саудиска Арабија“, се посочува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија.

„Смртта на Ајман ал-Завахири е чекор кон побезбеден свет. Канада ќе продолжи да соработува со нашите глобални партнери во борбата против терористичките закани, промовирање на мирот и безбедноста и заштита на луѓето овде дома и ширум светот“, наведе канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Вечерашните вести се исто така доказ дека е можно да се искорени тероризмот без војна во Авганистан. И се надевам дека ќе им обезбеди барем малку мир на семејствата на загинатите на 11 септември и на сите други кои страдаа од рацете на Ал Каеда“, напиша на Твитер поранешниот американски претседател Барак Обама.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести