11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Tаткото на Илон Маск не се гордее со својот син милијардер и дека не вози Тесла

Таткото на Илон Маск, Ерол Маск, призна дека не се гордее со својот син милијардер и дека не вози Тесла, а во радио интервју за шоуто Кајл и Џеки О објасни зошто се оженил и добил дете со својата поќерка.

Таткото на извршниот директор на Тесла рече дека според него Илон ја „надминал границата“ на она што го смета за успех, но исто така откри дека семејството Маск „долго време прави различни работи“.

“Твојот потомок е гениј. Тој вреди толку многу пари и е создаде толку многу што не можеш да му го одземеш тоа. Дали сте горд на него?”, го праша водителот. Кога го прашале од каде потекнува генијалноста на Илон, неговиот татко сугерирал дека можеби за тоа е „виновен“ млекарот кој ги посетувал во тоа време, а не тој или неговата мајка Маја, а потоа рекол дека не се гордее со својот син.

„Не сум. Знаете, ние сме семејство кое работи долго време, не е дека наеднаш почнавме да правиме нешто“, рече Ерол, додавајќи дека сите негови деца прават „интересни работи“ долго време и дека никогаш не барал милостина од својот син милијардер . Тој откри и дека помладиот брат на Илон, Кимбал е негова гордост. Кимбал е исто така милијардер, иако не е ни приближно богат како постариот брат Илон, кој е познат како најбогатиот човек на светот.

На прашањето на водителот дали вози Тесла, тој одговори дека повеќе сака Бентли, Ролс-Ројс и Мерцедес-Бенц. Тој забележал и дека неговиот син не му дава пари.

“Ние сме многу штедливо, скржаво семејство. Ако сакам да потрошам нешто, треба да одговорам на 100 прашања зошто. Илон живее многу штедлив живот. Тој е на работа веќе во 6 часот наутро”, рекол таткото на познатиот милијардер.

Ерол се грижи дека Илон, кој моментално е сингл, никогаш нема да најде жена која ќе се откаже од кариерата за да биде дел од неговиот живот, како што тоа го направи сопругата на Кимбал, Кристиана Вајли и покрај тоа што е образована и магистер.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести