16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Адвокатите на Анџелина Џоли со месеци очајно го бркаат Бред Пит за да му достават важни судски документи

Адвокатите на Анџелина Џоли со месеци очајно го бркаат нејзиниот поранешен Бред Пит за да му достават важни судски документи поврзани со случајот познат како „Винарија“, но не успеваат.

Page Six известува дека тие дури се обиделе да постават некаква замка на Оскарите и SAG наградите претходно оваа година, што можеби е причината зошто Пит не се појавил двата пати.

Не би било првпат вакво нешто да се случи на голем настан – на Оливија Вајлд еднаш и беа доставени документи поврзани со нејзината битка за старателство со Џејсон Судеикис додека зборуваше на сцената на настанот Cinema Con.

Поранешниот пар Пит-Џоли, кој се раздели во септември 2016 година, е вмешан во сложена битка за сопственоста на француската винарија откако Џоли (47) го продаде својот удел на гигантот за пијалоци Столи без дозвола на Пит, а актерот ја критикува за тоа што директно ги поддржа конкурентите.

Винаријата ја купиле додека биле во брак.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести