9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Украина со дронови ја нападнала на Црноморската флота

„Утрово, украинските националисти решија да го расипат Денот на руската флота, кој денеска се слави во Русија“, напиша Развозаев на Телеграм. Тој објави дека дронот слетал во дворот на штабот и повредил петмина членови.

Сите прослави поврзани со Денот на руската флота во Севастопол „се откажани од безбедносни причини“, најави Развозаев, барајќи од жителите на тој град да не ги напуштаат своите домови, „ако е можно“.

По повод тој празник се планирани големи прослави низ цела Русија, особено поморската парада во Санкт Петербург, која треба да ја следи и рускиот претседател Владимир Путин. Руските власти првпат информираат за украински напад од почетокот на инвазијата на 24 февруари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести