12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Турција: Планирано е транспортот да започне што е можно поскоро

„Постои голема веројатност првиот брод да може да замине утре наутро доколку сѐ биде регулирано до вечерва, изјави Ибрахим Калин во интервју за телевизијата „Канал седум“.

Тој рече дека останува да се решат уште едно или две прашања во преговорите со Русите.

– Подготовките се дојдени до точка што би овозможиле движење на бродови од пристаништето Одеса. Бродовите се натоварени и подготвени за одење, но потребна е добра логистичка координација“, додаде тој.

Анкара денеска соопшти дека продолжувањето на извозот било тема на разговор и меѓу турскиот министер за одбрана и украинските министри за одбрана и инфраструктура.

– Планирано е транспортот да започне што е можно поскоро, се наведува во соопштението на турското Министерство.

Заедничкиот координативен центар (ЦКК) задолжен за контрола на извозот на украинското жито во Црното Море беше официјално отворен во средата во Истанбул во согласност со договорите потпишани на 22 јули.

Договорот за укинување на блокадата, првиот голем договор меѓу украинската и руската страна од почетокот на конфликтот, има за цел да ја ублажи глобалната криза со храна, поради која цените се зголемија во некои од најсиромашните земји во светот.

Координативниот центар треба да ги регистрира и надгледува трговските бродови кои учествуваат во конвоите, да обезбеди нивно следење преку Интернет и сателити, да ги проверува бродовите во моментот на товарење во украинските пристаништа и по нивното пристигнување во турските пристаништа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести