Петнаесетдневната диета со јајца е наменета за дебелите, но и за оние кои имаат проблеми со варењето или нечистата кожа. Се покажа како одличен „чистач“ на кожата, на природен начин ја намалува апсорпцијата на мастите и ја прави кожата поубава.
Исхраната е доста рестриктивна затоа пред да одлучите да ја пробате, консултирајте се со нутриционист и лекар и спроведете ја под медицински надзор.
Многу е важно доколку одлучите да ја следите оваа диета, да си поставите реални цели. Пожелно е и со најрестриктивната диета телото да изгуби и до половина килограм дневно. Оваа диета нуди можност да изгубите еден килограм дневно. Бидејќи мускулната маса се намалува за време на вежбањето, при што внесот на јаглени хидрати е помал, потребна е физичка активност. Тоа може да биде фитнес, трчање, возење велосипед, пливање или едноставно одење. Не ја пресолувајте храната.
Имено, солта ја врзува водата во телото. Користете билки наместо сол. Меѓутоа, ако немате прекумерна тежина, тогаш прибегнете кон друга диета! Или практикувајте малку поблаг рецепт прилагоден на вашето тело.
ПОНЕДЕЛНИК
ПОЈАДОК: 1 портокал (или во сличен асортиман круша, праска, лубеница, диња… без банана), 2 двопека, шолја кафе или чај без шеќер
РУЧЕК: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко (или јогурт)
ВЕЧЕРА: 2 домати или 2 дл доматно пире, 2 варени јајца, 1/2 кг зелена салата (мали главици) или краставица
ВТОРНИК
ПОЈАДОК: 1 портокал, (или круши, праски, лубеници, дињи… – не банани), 2 двопека, шолја кафе или чај без шеќер
РУЧЕК: 1 портокал, 1 јајце, 1 кисело млеко, 2 двопека
ВЕЧЕРА: 125 г мелено говедско месо, 1 домат (или 1 длдоматно пире), 1 двопек, 1 шолја чај или кафе
СРЕДА
ПОЈАДОК: 1 портокал (или во сличен асортиман круша, праска, лубеница, диња… – не банана), 2 двопека, шолја кафе или чај без шеќер
РУЧЕК: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко, 1 мала главица салата
ВЕЧЕРА: 125 г мелено месо, 1 портокал, 1 двопек, 1 шолја кафе или чај
ЧЕТВРТОК
ПОЈАДОК: 1 портокал (или сличен асортиман на круши, праски, лубеници, дињи… – не банани), 2 двопека, шолја кафе или чај без шеќер.
РУЧЕК: 125 г свежо кравјо сирење со малку млечна маст (можете и моцарела), 1 домат, 1 дупла шолја кафе
ВЕЧЕРА: 125 г мелено месо, 2 домати или 2 дл доматно пире, 1 јаболко
ПЕТОК
ПОЈАДОК: 1 портокал (или сличен асортиман на круши, праски, лубеници, дињи… – не банани), 2 двопека, шолја кафе или чај без шеќер.
РУЧЕК: 200 г варено месо или риба, 1 домат
ВЕЧЕРА: 500 г варен зеленчук (морков, грашок, компир,…), 1 јајце, 1 домат.
За време на викендот ЈАДЕТЕ НОРМАЛНО!
ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА САКАНАТА ТЕЖИНА:
Откако ќе ја достигнете посакуваната тежина, одржувајте ја така што секој понеделник ќе го јадете следново мени .
ПОЈАДОК: 1 лимонада без шеќер (можете да користите вештачки засладувачи)
РУЧЕК: 1 јајце, 1 двопек, 1 домат (можете да додадете уште едно јаболко)
ВЕЧЕРА: 1 двопек, 1 домат (можете да додадете уште едно јајце)
ИНСТРУКЦИИ И ПРАВИЛА
• Месото и варениот зеленчук може да се зачини со вегета
• Не пијте алкохол
• Храната можете да ја јадете топла или ладна, а важно е да ја земате по правилен редослед.
• По пет дена ќе изгубите 2,5-5 кг. * По пет дена бидете најмалку 2 дена без диета и јадете нормално, но умерено. Два дена подоцна повторете ја диетата и така 3 пати за 5 дена; вкупно 15 дена.
• За петнаесет дена од диетата (ако ги одземеме деновите без диета) може да изгубите до 15 кг кои нема да ви се вратат, доколку јадете нормално после диетата и го следите менито за одржување на тежината секој понеделник.
