Викторија и Дејвид Бекам и нивните деца летуваат на островот Лопуд во близина на Дубровник.

Како што пишуваат хрватските медиуми, тие се сместиле во луксузниот комплекс Лопуд 1483, а пред комлексот има обезбедување.

Шоу бизнис двојката на исто место го прослави 11-тиот роденден на нивната ќерка Харпер. Бекамови пред неколку дена го посетија ресторанот „Бова“ во Шипан.
Инаку богатите Бекамови со целото семејство моментално се во луксузното одморалиште на Лопуд.
Станува збор за ресортот Лопуд 1483,тоа всушност е поранешен манастир изграден во 15 век, кој го реновирала грофицата Франческа фон Хабсбург.

Денес, овој комплекс е една од најлуксузните локации на Јадранот. Како дел од комплексот се наоѓа и таканаречената Света градина.


Изнајмувањето на комплексот за еден ден чини 10.000 евра за десет лица. 13-те оригинални ќелии на манастирот, кои се простираа на 5.000 квадратни метри, беа претворени во пет стана за вкупно 10 гости. Секоја соба нуди сопствено купатило и поглед на морето или градината.Гостите на располагање имаа и приватен готвач.


На врвот на тврдината има тераса за зајдисонце со панорамски поглед на морето, околните острови и националниот парк на Мљет.


Во имотот се наоѓа и уметничкиот павилјон „Black Horizon“, кој, според описот на одморалиштето, ги комбинира уметноста и архитектурата. На павилјонот работеа уметникот Олафур Елиасон и архитектот Дејвид Аџаје.

