Најмладата сестра Кардашијан, Клои (38), претходно беше мета на критики за својот изглед, а како што и самата во неколку наврати истакна, покрај сестрите секогаш се чувствувала како „грдо пајче“ поради вишокот килограми.
Иако многумина тврдат дека направила операција за намалување на желудникот, таа го демантираше тоа и тврди дека резултатите ги постигнала само со вежбање и поздрава исхрана, што резултирало со губење на 27 килограми, а открила и дека јаде по шест оброци секој ден, но важно е секој да го слуша својот организам.
Ријалити ѕвездата често објавува фотографии од теретана на социјалните мрежи и ги покажува резултатите од напорните тренинзи, но во последно време повторно е мета на критики, а сега обожавателите коментираат дека претерала со вежбањето и слабеењето.
„Ова изгледа многу нездраво“, „Сега и штрчат коските, воопшто не е здраво“, „Изгледа одлично, но малку претера“ – ова се само дел од коментарите напишани од загрижените следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Планот за исхрана на Клои Кардашијан:
Пред тренинг: путер од бадем и џем
Појадок: овесна каша со мелени ленени семиња, јајца и бобинки
Ужина после појадок: јаткасти плодови и јаболко
Ручек: Пилешко или риба, многу салата и зеленчук како спанаќ, цвекло, аспарагус или брокула
Ужина после ручек: овошје или зеленчук или грст бадеми и бобинки Вечера: грашок или ориз или риба и зеленчук
