1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

На повидок е нова афера – полоша од онаа во која се најде поранешниот британски премиер Борис Џонсон

На повидок е нова афера – полоша од онаа во која се најде поранешниот британски премиер Борис Џонсон

Најмалку девет жени добиле лекови за силување на приватна забава на која присуствувале канцеларот Олаф Шолц и пратениците, објави неговата Социјалдемократска партија (СПД).

Портпаролот на СПД за Франс прес го потврди пишувањето на берлинскиот весник Тагешпигел.

Берлинската полиција соопшти дека ги истражува наводите за тешки телесни повреди откако 21-годишна жена поднела жалба по „летна забава на политичка партија“.

– Ги советувам сите заинтересирани да поднесат тужба – изјави Катја Маст од СПД.

Портпаролот на СПД не ја исклучи можноста повеќе девојки да пријават дека им биле подметнати лекови за силување.

СПД во средата вечерта испрати мејл до сите поканети на настанот во кој го осудува „монструозниот чин“ и „веднаш пријавиле во собраниската полиција“.

Околу 1.000 луѓе му се придружиле на канцеларот и пратениците на традиционалната летна прослава на СПД пред парламентарната пауза.

– Тоа беше интерeн настан. Можеше да влезеш само со покана – рече портпаролот и додаде дека „има голема неизвесност, полицијата истражува“.

Берлинската полиција наведува дека жената која поднела пријава не се сеќавала на забавата следниот ден, поради што отишла на лекарски преглед, а потоа ја поднела пријавата.

Жената во полиција изјавила дека чувствува гадење и вртоглавица откако конзумирала храна и безалкохолни пијалоци за време на настанот.

Полицијата соопшти дека досега е известена за уште четири случаи. Лековите за силување може да ги збунат и зашеметат жртвите и да ги направат неспособни да се одбранат од напад.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести