Кинескиот увоз на сурова нафта од Русија се зголеми за 55% во однос на претходната година и достигна рекордно ниво во мај.
Така Русија ја замени Саудиска Арабија од првото место на главни извозници на нафта во Кина, пренесува Гардијан.
Увозот на руска нафта достигна вкупно 8,42 милиони тони или два милиони барели дневно, покажуваат податоците на кинеската царинска агенција. Кина е најголемиот увозник на сурова нафта во светот.
Претходно Русија ја престигна Саудиска Арабија и стана втор најголем снабдувач на нафта во Индија по Ирак.
Според „The Times of India“, Индија во мај купила околу 25 милиони барели руска нафта, што одговара на повеќе од 16 отсто од вкупниот увоз на нафта во земјата.
Уделот на сировата нафта од руско потекло во нејзиниот вкупен увоз по поморски пат во првите квартали од 2021 и 2022 година беше под 1 процент, сега во април за прв пат достигна 5 проценти.
Ирак ја задржа својата позиција како најголем снабдувач на Индија минатиот месец, а Саудиска Арабија падна на третото место, зад Русија.