Германскиот канцелар Олаф Шолц ја пофали политиката на неговата претходничка Ангела Меркел кон Русија, пишува германскиот весник „Велт“.
„Јас сум на страната на мојот претходник и не гледам причина да се сомневам во нејзините одлуки. Политиката на мирен соживот никогаш не може да биде погрешна“, рече политичарот.
Шолц спомена и дека ја поддржува одлуката на Меркел да се спротивстави на влезот на Украина во Северноатлантската алијанса во 2008 година.
„Секоја земја што сака да стане членка мора да ги исполни критериумите за влез во НАТО. Влезот на Украина во блокот не беше на агендата“, нагласи тој.
Претходно, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека ја смета за точна одлуката што ја донела пред четири години, кога реагираше негативно на идејата за влез на Украина во НАТО.
