Во Миколаев, претседателот делеше медали и позираше за селфи со војниците во подземно засолниште.
„Тоа се нашите храбри луѓе. Секој од нив работи без престан. Ние дефинитивно ќе издржиме. Дефинитивно ќе победиме“, рече Зеленски.
Руските сили стигнаа до предградијата на Миколаев на почетокот на март, но Украинците ги одбиваа сè до источните и јужните граници на регионот, каде што продолжуваат жестоките борби.
