Според АФП, германската федерална полиција соопштила дека добиле стотици информации поврзани со можни руски воени злосторства, во кои се споменуваат политички и воени лидери.
„Нашата цел е да ги идентификуваме одговорните за овие злосторства, да докажеме што сториле врз основа на истрагата и да ги изведеме пред лицето на правдата“, изјави за весникот „Велт“ Холдер Муенх, шеф на германската федерална полиција.
Германски истражители би можеле да бидат испратени во Украина, рече тој, додавајќи дека сè уште ќе им треба меѓународен мандат за тоа.
Украина минатиот месец објави дека се сомнева дека во земјата се извршени околу 15.000 воени злосторства од почетокот на војната кон крајот на февруари.
Главниот обвинител на Украина, Ирина Венедиктова, изјави дека се идентификувани околу 600 осомничени, меѓу кои и водечки „руски воени и политички лидери и пропагандисти“.
Русија негира вмешаност во какви било воени злосторства.
