0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Откриена нова масовна гробница во Буча

„Русите овде измачуваа седум цивили, а потоа кукавички ги застрелаа во глава“, напишал на Фејсбук началникот на киевската полиција Андриј Небитов, додавајќи дека „на неколку жртви им биле врзани рацете, а на некои колената“.

„Оваа гробница е откриена денеска на местото каде што биле стационирани руските војници, во близина на селото Миротска, 10 километри северозападно од Буча и 35 километри од Киев“, додаде Небитов, додавајќи дека „сега се работи на идентификација на жртвите“.

По заминувањето на руските војници од регионот на Киев, каде што беа откриени телата на стотици украински цивили, Буча стана симбол на руските воени злосторства. Москва постојано ги отфрли обвинувањата, велејќи дека „се фалсификувани“ информациите и тврди дека злосторствата биле организирани од Украинци со поддршка од Западот.

Киевската полиција потсети дека на крајот на април во јама во селото Миротска беа откриени осакатените тела на тројца застрелани мажи со врзани очи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести