Атрактивната пејачка Теа Таировиќ предизвикува многу воздишки со изгледот каде и да се појави, но порано изгледаше сосема поинаку. Теа се пријави на натпреварот „Гранд ѕвезди“ уште додека беше средношколка, но тогаш не се прослави.
Пејачката привлече внимание со својот изглед и со првото појавување во медиумите, но членовите на жирито не беа воодушевени од нејзините вокални способности. Иако доби многу непримерни коментари, како и тоа што многумина и се смееја, Теа никогаш не се откажа од кариерата.
Пејачката по неколку години повторно се појави на споменатото натпреварување и тргна кон врвот.

Она што на многумина им падна во очи е дека Теа изгледаше сосема поинаку за време на натпреварот.
Таировиќ тогаш беше русокоса и без корекции на лицето, па многумина тешко дека ќе ја препознаат од прва.

Иако не освои ниедно видно место на натпреварот, судбината имаше поинаков план за неа. Таа со Шабан Шаулиќ ја сними песната „Од кога те знам“ и оттогаш влегува во срцата на публиката.
Во јануари 2020 година, таа достигна пресвртница во кариерата кога ја објави песната „Хајде“, напишана од Сања Вучиќ. Оттогаш, нејзиниот вртоглав успех започна и таа стана кралица на бакшишот.
