13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Еве каде отишол Џони Деп по победата на суд

На Фејсбук страницата на Folly Wildlife Rescue е објавена фотографија од Џони Деп, кој ги посетил животните во засолништето со гитаристот Џеф Бек.

На фотографијата Деп во рацете држи напуштен јазовец.

„Какво неверојатно попладне за нашиот персонал и волонтерите. Џони ги обиколи одделенијата за нега во болницата. Тој ни даде комплименти и, како што самиот рече, беше воодушевен од она што го виде. Покрај посетата, му дозволивме накратко да го држи Фреди, еден од  младенчињата јазовец“, пишува во соопштението.

Фотографијата воодушеви илјадници следбеници на ова засолниште, а под неа стојат сто коментари кои ги фалат Деп и Бек.

„Одличен, прекрасен гест“, „Тој е неверојатен“, „Тој ги покажа своите вистински бои. Толку е емпатичен“, „Затоа го сакам Деп. Се грижи за животните“, се само дел од коментарите.

„Погодете кој нѐ посети. Не, не замислувате, тоа е навистина Џони Деп. Како што веројатно знаете, Џони Деп е со Џеф Бек на турнеја низ Велика Британија, а за време на неодамнешната пауза, сопругата на Џеф, Сандра, го донесе да нѐ посети и да се увери самиот во работата што ја правиме со дивиот свет “, се вели во воведната изјава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести