2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Макрон: Најголема грешка кон својот народ, кон себе и кон историјата…

„Мислам, и тоа му го кажав, дека направи историска и најголема грешка кон својот народ, кон себе и кон историјата“, рече Макрон во вчерашното интервју за француските регионални медиуми на 100-тиот ден од војната.

„Мислам дека е изолиран. Едно е да се затворите во изолација, а тешко е да излезете од неа“, рече Макрон.

Францускиот претседател повтори дека Русија не треба да биде понижена, што беше лошо примена во Источна Европа, „за штом престанат борбите, дипломатски да ѝ дозволиме да излезе од оваа ситуација“.

На постојаните повици да го посети Киев, додека многу од неговите европски колеги веќе беа таму, тој одговори: „Не исклучувам ништо“.

„Сакаме да ја зголемиме финансиската и воената помош за Украина. И конечно, да направиме се што можеме за да извеземе жито од Украина“, додаде тој, побивајќи го Владимир Путин, кој рече дека извозот на жито не е проблем.

Француските испораки на топови Цезар на украинската армија ќе бидат компензирани, додаде Макрон.

„Побарав од нашите фабрики да го забрзаат производството на оружје, не само за надополнување на залихите, туку и за зајакнување на нашата независност од увоз“, рече францускиот претседател.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести