23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Блинкен: Напорите на овие храбри луѓе нема да бидат заборавени

Во изјавата по повод годишнината, Блинкен го нарече задушувањето на продемократските протести „брутален напад”.

„Напорите на овие храбри луѓе нема да бидат заборавени. Секоја година им оддаваме почит и сеќавање на оние кои се бореле за човековите права и основните слободи. Нема да го заборавиме 4 јуни”, порача американскиот секретар на „кинескиот народ и на оние кои продолжуваат да се соочуваат со неправда и бараат слобода”.

На денешен ден, пред 33 години, кинески војници отворија оган на продемократските протести на и околу главниот плоштад во Пекинг. Секое јавно сеќавање на овие настани во Кина е забрането.

На редовната прес-конференција во четвртокот, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијанг го повтори стандардниот став на Пекинг за репресијата.

„Кинеската влада одамна дојде до јасен заклучок за политичкиот инцидент што се случи кон крајот на 1980-тите”, рече тој.

Денеска активистите ќе се соберат во тајванскиот главен град Тајпеј за да ја одбележат годишнината.

Хонг Конг беше исклучок до 2020 година, кога Пекинг наметна драконски закон за национална безбедност на специјалниот административен регион на Кина со цел да спречи какво било изразување на несогласување по големите продемократски протести во 2019 година.

Полицијата во Хонг Конг предупреди дека секој собир би бил нелегален и потсети дека учеството на неовластени собири е казниво со пет години затвор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести