13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Француските дипломати стапиле во штрајк прв пат во последните 20 години

Француските дипломати стапиле во штрајк прв пат во последните 20 години поради ограничување на буџетските сретства и реформи кои ги покренал претседателот Емануел Макрон, за кои тврдат дека ќе наштетат на глобалната позиција на државата на меѓународен план.

Во штрајот вклучени се стотина дипломати, меѓу кои и поедини амбасадори, наведува Ројтерс.

“Одбрана на интересита на Франција и служење на Франција не е импровизација“, напишал генерален конзул на Франција, во Сан Франциско на Твитер.

“Нема сомнение дека морада ја реформираме и зајакнеме нашата дипломатија, но не и да ја избришеме“, оценил диожломатот со 18 години стаж.

Штрајкувачите се против реформи во јавниот сектор кој ги иницирал Макрон, истакнувајќи дека таа ќе ја промени структурата на дипломатската кариера, а загрижени се и поради повеќегодишните буџетски резови поради кои од 2007 година бројот на службеници за надворешни работи е скратен за 20 отсто.

Штрајкот доаѓа во лош момент за Макрон, кој е реизбран во април, и настојува да игра водечка улога во одговорот на ЕУ по повод руската инвазија на Украина, оценила британска агенција потсетувајќи дека Франција е претседавач на ЕУ до крај на јуни.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести