11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Финската пивара мака мачи да произведе доволно НАТО пива

Финската пивара мака мача да излезе на крај со огромната побарувачка за своето ново пиво, како би ја одбележала одлуката на земјата да се придружи на НАТО после 75 години неутралност.

Пиварата се наоѓа во Савонлини, 50 км. од руската граница, во зграда од црвени цигли изградена кога Финска сеуште била дел од Руското царство 1909 година, јавува ББС.

Нејзиниот сопственик Петери Вантинен за новинска агенција рекол дека продажбата на неговото пиво “слобода“ експлодирала откако станала вирална на социјалните мрежи а финскиот парламент расправал за кадитатура на земјата за приклучување во НАТО.

“Вообичаено дневно продаваме околу стотина лименки пиво. Сега бројот е поголем од две илјади“, рекол тој.

Финска и Шветска ги предале своите пријави за приклучување во НАТО.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести