21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Германија одлучила да ги стимулира граѓаните повеќе да го користи јавниот превоз и за сите врсти локален и регионален превоз

Германија одлучила да ги стимулира граѓаните повеќе да го користи јавниот превоз и за сите врсти локален и регионален превоз понудила карта за само 9 евра месечно. Идеата е скапото гориво за автомобили да се “заобиколи“ со ефтин јавен превоз.

Какви се резултатите? Со еден збор – фантастични. Само Германските железници продале 2,7 милиони карти од 9 евра за локален превоз, а се претпоставува дека вкупно продадени се околу седум милиони карти (во Германијаживеат нешто повеќе од 80 милиони жители)

Се очекуваат гужви на пероните на автобуските и железничките станици кои би мжеле да предизвикаат доцнење во локалниот превоз. Во меѓувреме, германскиот министер за сообраќај Тарек Ал-Вазир, ги повикал жителите во следните три месеци да се префрлат на автобуси и возови со карта од 9 евра.

“Искористетеја понудата бидејќи таа ќе постави насока за идното планирање на сообраќајот“, рекол тој во Висбаден.

Картите се активни од 1 јуни и оваа акција важи за три месеци. Значи, за 27 евра се возиш колку можеш во тој период. Ако картата се купи во Хамбург, може да се користи во Берлин или било кој друг германски град, а ќе важи и во некои меѓугратски возови.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести