Кралицата Елизабета (96) конечно ќе има можност да ја запознае својата правнука Лилибет, ќерка на принцот Хари и Меган Маркл.
Кралицата треба да ја види Лилибет на нејзиниот прв роденден во сабота, а ова ќе биде прв пат девојчето да се сретне со своите „кралски роднини“.
Освен со кралицата, девојчето првпат ќе се сретне со останатите нејзини кралски роднини, а слично ќе биде и со Хари и Меган, за кои ова е прво сериозно доаѓање по 2019 година, кога драматично го напуштија дворот.
Инаку, Лилибет е родена во Калифорнија, а нејзините родители го избрале нејзиното име во чест на Елизабета, чиј семеен прекар е Лилибет.
