Европската комисија испрати ревидиран предлог за санкции до владите на земјите-членки, во кој не се вклучени испораките на нафта преку гигантскиот нафтовод Дружба, преку кој Унгарија се снабдува со сурова нафта.
Предлогот предвидува земјите-членки постепено да го укинат увозот на сурова нафта за шест месеци и нафтени деривати за осум месеци. Според предлогот, на Бугарија и се нуди да го одложи ембаргото до јуни или декември 2024 година.
