Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање рече дека ослободувањето на Украина е се поблиску секој ден и дека е „само прашање на време“ кога Украина ќе ги врати териториите што Русија ги окупира. „Украина ќе врати се. Ова е императив. Тоа е само прашање на време. Секој ден сме се поблиску до ослободувањето. Сè што правиме е за ова“, рече Зеленски.
