15.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Крис Рок би можел и да биде домаќин на Оскарите во 2023 година

Крис Рок би можел и да биде домаќин на Оскарите во 2023 година, откако на церемонијата оваа година доби шлаканица од Вил Смит, објави „ABC“.

Овогодинешната церемонија на доделување награди беше обележана со инцидент кога Смит скокна на сцената и му удри шлаканица на комичарот откако се пошегува на сметка на избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

Церемонијата следната година ќе се емитува на „ABC“, а Смит нема да биде присутен, бидејќи му е забрането да присуствува на настаните на Академијата во следните 10 години.

Во интервју за „Deadline“, претседателот на „ABC“, Крег Ервич, изјавил дека доделувањето на наградите за 2022 година било „навистина успешно“ и покрај шлаканицата.

Ервич, исто така, изјавил дека е отворен за идејата Рок да биде домаќин на доделувањето следната година, бидејќи тоа би можело да ја зголеми гледаноста.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести