13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ДРАМА: Врз куќата им паднал кокаин вреден 9 мил. евра

Ковчег полн со кокаин случајно слетал од авион врз соларните панели поставени на куќа на островот Сардинија во Италија. Четири месеци по овој инцидент, полицијата успеала да го идентификува пилотот кој го извел овој неуспешен маневар и да го уапси.

Дожд од кокаин паѓа на Сардинија, пишуваа италијанските медиуми за настанот од крајот на март минатата година, пренесува Гардијан. Ковчегот полн со 8,5 килограми кокаин требало да слета во рацете на дилер во градот Баратили Сан Пјетро, ​​но тој случајно се нашол во дворот на една куќа и при падот скршил соларна плоча.

Слушнавме силен удар, па веднаш ја повикавме полицијата, која го пронајде ковчегот полн со кокаин, изјавиле сопствениците на куќата за овој настан, а доколку кокаинот дојдел во „вистински раце“, неговата вредност на пазарот би била околу девет милиони евра.

Полицијата открила дека авионот полетал од Рим, а исчезнал од радарот на 20 минути, токму во моментот кога правел кругови над градот за да ја фрли робата.

Со помош на надзорни камери и сведоци, откриено е дека пилотот е 28-годишниот Франческо Рико од Рим, кој инаку со авион ги превезувал богаташите, а бил уапсен во пристаништето Каљари Елмас по враќањето од Германија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести