spot_img
12.8 C
Skopje
четврток, мај 19, 2022
spot_img

САД ја отвори Амбасадата во Киев

Украинскиот народ, со нашата безбедносна помош, успешно ја брани својата татковина наспроти неиспровоцирана инвазија на Русија, се вели во соопштението од американскиот државен секретар Антони Блинкен што го пренесе од Стејт департментот.

Како што јави Гласот на Америка, во документот се нагласува дека по три месеци, американското знаме повторно се вее над Амбасадата.

– Гордо стоиме со и продолжуваме да ги поддржуваме владата и народот на Украина додека ја бранат својата земја од бруталната агресивна војна на Кремљ, се додава во соопштението.

Американската амбасада беше затворена на 14 февруари, десет дена пред почетокот на руската инвазија врз Украина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести