6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Лукашенко потпиша закон со кој се предвидува смртна казна за обид за терористички акт

„Претседателот Александар Лукашенко потпиша закон со кој се предвидува смртна казна за обид за терористички акт“, пренесува РИА Новости.

Агенцијата потсетува дека смртната казна досега се применуваше само за лицата кои извршиле терористички напад, а цел на новиот закон се пред се опозиционерите, меѓу кои и лидерката на опозицијата Светлана Тихановска, која моментално е во егзил.

Белоруските пратеници на крајот на април усвоија во две читања предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик кој нуди можност за смртна казна во случај на обиди за терористички напади.

Прес-службата на Долниот дом на парламентот нагласи дека „нацрт-законот е подготвен со цел да се одвратат деструктивните елементи и да се покаже решителната борба на државата против терористичките активности“.

За законот да стапи на сила во Белорусија, тој мора да биде одобрен од двата дома на парламентот и потпишан од претседателот.

Од масовните протести во 2020 година против авторитарното владеење на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, многу членови на опозицијата беа уапсени и обвинети за обид или подготовка за терористички чин.

Белорусија е последната земја во Европа која применува смртна казна, а се извршува со стрелање.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести