-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Заминувањето на странски компании од Русија ќе остави без работа десетици илјади Руси

Заминувањето на странски компании од Русија ќе остави без работа десетици илјади Руси. Работниците ќе мора да бараат вработување во економија која доживеа највисока инфлација во последните 20 години и каде и пред војната беше тешко да се дојде до работа.

Мекдоналдс вработуваше 62.000 работници во своите 850 ресторани, но оваа компанија ќе продолжи да им исплаќа плати на работниците додека продавниците не се продадат на локален клиент.

Рено вработуваше 3.500 работници, Икеа имаше околу 15.000 вработени и платите ќе им ги исплати само до крајот на август. Пред да го напушти рускиот пазар, Сименс имаше 3.000 вработени во оваа земја. Фабричките и административните работници подеднакво добиваат отказ.

Според проценките, стапката на невработеност во Русија од 4,6 отсто до крајот на годината ќе порасне на 9 отсто. Исто така, во април инфлацијата е зголемена за 18% во однос на лани. Според документот на руското Министерство за финансии, се очекува БДП на Русија оваа година да се намали за 12 отсто, со што ќе се избрише една деценија економски раст.

Невработеноста во Русија расте не само поради напуштањето на странските компании, туку и кај домашните компании кои се индиректно погодени од санкциите. Според руските податоци, веќе во март 95.000 работници биле испратени „на чекање“. Во февруари имаше три милиони невработени Руси, а се очекува тој број да се зголеми за дополнителни два милиони.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести