„Морам да кажам дека сум длабоко загрижен поради ризикот гладот да стане широко распространет низ светот поради драматичната ситуација со снабдувањето со храна со која се соочуваме поради војната во Украина“, рече Гутереш денеска во Виена.
Минатата година Украина беше шести најголем извозник на пченица во светот. Со оглед на тоа што Русија го блокира пристапот до морето за време на инвазијата, Украина не е во можност да извезе пченица во вредност од 8,4 милијарди долари.
Меѓу најпогодените области досега се африканските земји, но ОН веќе предупредија дека падот на извозот може да доведе до глобален пораст на цените на храната до 22%.