И европските и американските претставници проценуваат дека брз крај на војната во Украина не е на повидок.
Голем број официјални лица кои разговарале за Си-Ен-Ен нагласиле дека е тешко да се предвиди колку долго би можела да трае војната, но неколкумина рекле дека нема индикации дека целите и амбициите на рускиот претседател Владимир Путин се промениле, додавајќи дека веројатно нема да бараат мир преку преговори, освен ако не се соочи со воен пораз.
Предвидувањата дека војната во Украина би можела да се претвори во долготраен конфликт отстапуваат од руските очекувања од почетокот на војната, кога Москва очекуваше брзо да го преземе главниот град на Украина, Киев.
Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на американскиот претседател, рече дека борбите ќе продолжат „со месеци или повеќе“, а двајца европски претставници рекле дека веруваат дека борбите во источна Украина ќе траат уште четири до шест месеци и ќе резултираат со ќор-сокак од двете страни.
